Ана Ивановиќ стана директорка на IT компанија: Поранешната тенисера започна нов бизнис, во 2024 влегува со 82 милиони долари
По повлекувањето од тенисот, Ана Ивановиќ стана вистински претприемач! Поранешната тенисерка започна нов бизнис, а од неодамна е на чело на ИТ компанија. Но, таа има голема помош од својот брат Милош Ивановиќ, кој е експерт во таа област.
Ова е нејзиниот нов налет во претприемничките води, покрај бизнисот со органска козметика, кој сама го создаде со помош на професионалци од областа.
– По повлекувањето од тенисот, Ана има неколку извори на приходи. Едноставно е таква, не може да седи мирна, размислува што би можела да направи. Во моментов има неколку деловни проекти, кои ги развива со помош на тим од врвни експерти од различни области. По козметичката линија која се продава низ целиот свет, која сама ја создаде и зад која може целосно да застане, сега се сврте кон IT технологијата која има примат во светот и носи огромни суми пари на глобално ниво – вели соговорникот и додава:
– Ана во последно време е на чело на компанија која се занимава со овие работи. Никогаш не криела колку е приврзана за родниот град, па веднаш решила седиштето на компанијата да биде во Белград. Нејзиниот брат Милош, кој долго време се занимава со информатички технологии, и’ е од непроценлива помош, па Ана му даде одврзана рака да биде задолжен за сите прашања поврзани со оваа работа кога таа не е во Србија – заклучи тој. .
Ивановиќ неодамна присуствуваше на церемонијата на престижната награда во Минхен со нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер, каде откри како заработува откако ја прекина професионалната кариера како тенисерка. Во таа прилика таа истакна дека козметичката линија не и’ е единствен извор на заработка денес:
-Има една компанија, IT технологијата е во прашање. Ние сме со седиште во Белград. Мојот брат е тука, помага во тоа, тој е постручен во таа област од мене. А има и неколку брендови со кои јас и Басти соработуваме во Германија – истакна поранешната број еден тенисерка на светот.
Инаку, сè што ќе допре таа го претвора во злато, а доказ за тоа е извештајот на Google, според кој богатството на Ана во 2023 година се проценува на неверојатни 82 милиони долари.
Да потсетиме, уште пред да се омажи за славниот Германец, Ана имаше луксузна вила во Палма де Мајорка а нејзиното семејство денес поседува неколку луксузни имоти ширум светот.