Ана и Раста во центарот на вниманието! Сите коментираат еден детаљ од роденденот на нивната ќерка! (фото)
Малата Тара Ѓуриќ вчера го прослави својот 6-ти роденден, а прославата годинава ја организираше нејзиниот татко Стефан Ѓуриќ Раста.

Мајката Ана Николиќ дошла на забавата дури во 20:00 часот, иако на поканата времето на пристигнување било напишано во 17:00 часот.
Меѓутоа, кога пристигнала, немало нервоза и напнатост меѓу неа и Раста, туку размениле нежни погледи кои наликувале како кога биле во брак.
Се гушкале, се бакнувале, а потоа гласно се смееле што Ана не дала прецизен список на гости, па настанала збунетост.
Тие беа расположени, максимално насочени кон нивната наследничка, а фановите масовно ги споделуваат овие кадри со емотивни коментари.

„Луѓе, како се гледаат… Буквално плачам“, „Не знам за вас, но ми се чини дека се уште се сакаат“, „Многу ми е чудна нивната врска, како да се во војна, а всушност се обожаваат“, „Засекогаш омилен пар, ни требаа овие фотографии за да видиме дека сè е во ред“, се само дел од коментарите.