Ана Николиќ во брусхалтер и танга се шеташе по улица: Сè се гледа, социјалните мрежи ,,горат” (ФОТО)

Пејачката Ана Николиќ ги изненади сите кога излезе на улица во мантил под кој имаше само брусхалтер и танга гаќички.

Пејачката Ана Николиќ последните недели се најде во центарот на вниманието на јавноста поради цела низа скандали, особено поради расправиите со менаџерот Саша Мирковиќ и шокантните тврдења за консумирање опијати, но и поради оштетениот физички изглед и рани на лицето.

Оттогаш таа неколку пати се појави во јавноста, а сега повторно ги шокираше сите со видеото кое го објави на својот Инстаграм профил.

Имено, Ана излезе на улица во целосно проѕирен фустан под кој имаше само брусхалтер и танга гаќички.

Над оваа комбинација носеше тексас елек, а се вртеше додека некој ја снимаше.

„Што се случи со оваа жена“, „Оваа нема граница“, „Неверојатно“, се само дел од коментарите.