Ана Николиќ излезе на сцена со својата ќерка Тара! Пејачката на настапот пееше со наследничката – глетка која ќе ве разнежни (фото)
Поп дивата Ана Николиќ синоќа беше специјална гостинка на забава. По тој повод таа уште еднаш покажа колку моќно изгледа нејзиното големо враќање на сцената.
Ана реши овој спектакл да го започне заедно со нејзината ќерка Тара. Мама и ќерка заедно излегоа на сцената и ја поздравија белградската публика која ги поздрави со овации.
Енергичниот настап на поп дивата, танчерите, големата сцена и нејзините хитови кои се искачија на врвот на топ листите, ја наведоа публиката да побара продолжување на настапот.
Ана реши да ја исполни желбата на верните фанови кои синоќа беа во илјадници. Тие на сиот глас ја пееја песната „Лабилна“.
Сè на сè, можеме да заклучиме дека сето тоа е одлична подготовка за првиот белградски солистички концерт на Ана Николиќ, кој е закажан за 7 октомври 2023 година во Штарк Арена.
Организацијата на овој спектакуларен настан е доверена на Hype Productions, реномирана компанија позната по врвните концерти и незаборавните музички искуства.