Ана сакаше да заработи, но падна во пеколот на проституцијата: „Ми рече дека ќе работам во хотел, завршив во Амстердам“ (фото)

Де Вален е најголемиот и најпознат кварт каде проститутките ги нудат своите услуги. Се наоѓа во Амстердам, главниот град на Холандија. Се состои од неколку улици кои содржат околу триста штандови кои изнајмуваат проститутки и ги нудат своите сексуални услуги зад прозорци или стаклени врати.

Поради сè почестите приказни за жени кои биле насилно носени во Амстердам, принудени на абортуси и естетска хирургија, во Холандија се креваат гласови против трговијата со секс, а може да се слушне дека она што на туристите им изгледа како валкана забава е всушност „комерцијализирано силување “.

red-light-street0727973895.jpg

Повеќето од нив биле однесени таму со измама, им биле одземени документите, а сите пари што ги добивале од клиенти биле принудени да им ги дадат на макроата. Ова е приказната за Ана од Полска која 7 години била сексуална работничка во кварт на Red Light District.

„Mоето име е Ана и доаѓам од Полска. Работам овде седум години, обично седум дена во неделата по 12 часа. Во текот на овие години, мислам дека имав околу 12.000 клиенти. Обично ми плаќаат 50 евра, а понекогаш и помалку, околу 30 евра. 150 евра на ден давам за изнајмување соба. Со текот на годините, најголемиот дел од парите што ги заработив ми беа земени од човекот што ме донесе во Амстердам. Да го знаев сето тоа, никогаш немаше да се согласам да дојдам. Тој ми вети работа во хотелот“, се вели во исповедта на Ана.

Како што додаде таа. Немала поим дека ќе биде дел од трговија со луѓе, сфатила дека кога и’ го одзеле пасошот:

„Ми го зеде пасошот и морав да му ги дадам сите пари што ги заработив. Беше многу агресивен и ми забрани да му кажувам на моето семејство што навистина се случува. По четири години беше уапсен за трговија со луѓе. Продолжив да работам како проститутка Што друго би можела да правам? Сè уште работам, но во друга соба. Сега имам можност да заштедам пари, кога ќе заштедам доволно, ќе се вратам во Полска“, пишува таа во исповедта објавена на веб-страницата ,,Бренон.”