Ангела Меркел се повеќе се оддалечува од политиката

По заминувањето од функцијата канцеларката на Германија, Ангела Меркел се повеќе се повлекува од другите политички позиции и проекти.

Последниот во низата вакви потези се однесува на политичката организација Конрад-Аденауер Штифтунг (КАС), чиј член беше Меркел и која се врза за Христијанско-демократската партија, која ја водеше долги години.

„Едноставно ја надминав оваа улога“, рече Меркел, според Der Spiegel.

На крајот на летото, претседателот на КАС Норберт Ламерт се обиде да ја убеди Меркел да се кандидира за управниот одбор на оваа организација. Меркел не само што ја одби понудата, туку и целосно ја напушти оваа организација која стои и зад активностите на ЦДУ.

Откако беше канцеларка 16 години, Меркел се повлече од политиката во 2021 година. На заминување од политичката сцена, на прашањето што ќе прави, Меркел кратко одговори – спиење и читање.

„Во изминатите 16 години, имав малку време за тоа. Ќе земам нешто да прочитам, а потоа ќе ми се затворат очите затоа што сум уморна, па ќе дремнам малку. Потоа ќе видиме, “, рече Меркел.