Ангелов: Градење регионални капацитети за управување со ризикот од пожари на отворен простор во Западен Балкан

 – Појавата на пожари на отворен простор, што вклучува пожари во шуми и на шумско земјиште, пасишта, земјоделско земјиште и други отворени површини, од година во година е позачестена и поинтензивна. Во последните неколку години оваа појава е посебно изразена во втората половина на летото и во почетокот на есента оваа година и се уште е актуелна, рече денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Ангелов ја отвори регионална работилница што се одржа во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите за одговор на безбедносните ризици поврзани со климатските промени во Југоисточна и и источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија. Работилницата беше поддржана од Организацијата за безбедносна соработка во Европа (ОБСЕ) и Глобалниот и Регионалниот центар за следење на пожари.

Според Ангелов, крајната цел на ЦУК со регионалната соработка на дел од балканскиот регион за запознавање со Македонскиот информативен систем за шумски пожари МИСШП или „Макфис“ што ЦУК го има воспоставено во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), е градење регионални капацитети за управување со ризикот од пожари на отворен простор во Западен Балкан, а со тоа и зајакнување на прекуграничната соработка и отпорност на овој ризик.

-Ангелов апелираше до организаторот да продолжи со поддршка на институциите од регионот во зајакнување на нивните капацитети за регионална соработка и помош во случај на пожари, за што и однапред се заблагодари. Денешната обука на работилницата е во насока на намалување на ризикот од пожари и управување со пожари на ниво на предел, во областите на планините Шар Планина и Кораб со вклучување на учсници од заштитените подрачја – националните паркови, коишто се простираат на тие планински масиви. Учесниците ќе се стекнат и со обука за основно користење на Македонскиот информативен систем за шумски пожари (MKFFIS) и se вклучени учесници од заштитените подрачја што се наоѓаат на овие планински масиви, од Република Северна Македонија, Република Косово и Република Албанија, наведува ЦУК.