– Густиот чад што се гледа од Скопје, претставува горење на трски во каналите околу село Арачиново кое не претставува опасност за никого, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Ангелов информира дека гори поголема количина на трски и ѓубре во каналите, а гаснењето се одвива отежнато поради тешко пристапниот терен.
– Каналите започнуваат некаде пред селото Арачиново и се движат во насока на општина Илинден. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје се направени обиди за гаснење на трската, но, поради тешко пристапниот терен на нивните противпожарни цистерни, гаснењето се одвива отежнато, вели Стојанов.