Англија тагува! Почина легендарниот фудбалер Боби Чарлтон (фото)

Легендарниот англиски фудбалер, Боби Чарлтон, почина на 86-годишна возраст, јавуваат англиските медиуми.

Во соопштението на неговото семејство, кое го пренесе Манчестер Јунајтед, се наведува дека Чарлтон починал опкружен со своето семејство.

Чарлтон беше најдобар стрелец за Јунајтед (249 гола) и Англија (49) повеќе од 40 години, додека Вејн Руни не го престигна.

Тој одигра 758 натпревари за Јунајтед од 1956 до 1973 година и го предводеше клубот до Европското првенство во 1968 година. Со Јунајтед освои три титули во англиската лига и една ФА Куп.

Тој одигра 106 натпревари за Англија, вклучувајќи ја и секоја минута од Светското првенство во 1966 година кога тој тим ја освои титулата.

Многумина го сметаат за најдобриот англиски фудбалер на сите времиња, а во 1966 година ја освои и Златната топка.