Англија ѝ се приближи на Шпанија во победи во Лигата на шампионите

 – Манчестер сити синоќа го победи Интер со 1:0 во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2022/23 и ѝ ја донесе на Англија 15-та победа во ова натпреварување.

По бројот на освоени трофеи на главниот европски фудбалски турнир, Англија се приближи до Шпанија која има 19. Италија е трета со 12 победи во финалето.

Од англиските екипи, пред Манчестер сити Лигата на шампионите ја освоија: Манчестер јунајтед (3 пати), Ливерпул (6), Нотингем Форест (2), Астон Вила (1) и Челзи (2).

Манчестер сити за прв пат ја освои Лигата на шампионите. Тимот на Хосеп Гвардиола комплетира и тројна круна оваа сезона – Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.