Многу парови ќе раскинат или ќе се разведат поради овој филм: Шокантната изјава на актерката за новата улога! Дали имате храброст да го гледате? (фото/видео)

Американската актерка Микаела Воткинс, ѕвезда на романтичните комедии вклучувајќи го и хит филмот „The Backup Plan“, тврди дека нејзиниот последен филм „You Hurt My Feelings“ ќе предизвика многу раскинувања.

„Искрено, овој филм ќе ги ,,за*бе” луѓето. Тој ќе биде одговорен за многу раскинувања и разводи“, изјави актерката за Page Six.

Оваа актетка, која една деценија е во брак со актерот Фред Крамер, тврди дека филмот ќе ги извади на виделина искрените емоции меѓу партнерите.

Главната актерка на филмот е Џулија Луис Драјфус во улога на писателка која случајно го слуша нејзиниот сопруг (актерот Тобијас Менцис) како искрено ја критикува нејзината последна книга.

„Сакам да живеам во илузијата дека мојот сопруг мисли дека сум фантастична и дека цени сè што правам“, рече Воткинс за сликата од нејзиниот личен живот надвор од филмот.

Сценарист и извршен продуцент на филмот е Никол Холофсенер. Во филмот играат и Ариан Моајед, Амбер Тамблин, Дејвид Крос, Овен Тиг и Џени Берлин.