Андоновски: Управата за матични податоци ќе влезе во рамките на Министерството за дигитална трансформација
Министерството за дигитална трансформација во следниот период ќе го ревидира Патоказот за дигитална трансформација со цел да се отстрани двојството на планови, стратегии, водичи, најави денеска одговорниот министер Стефан Андоновски.
За ова, како што рече, ќе биде консултирана поранешната министерка за добро владеење, Славица Грковска, која заедно со поранешните функционери на Министерството за образование ја имаа оваа надлежност.
„Во наредниот период ќе разговараме со претставниците на ЕУ во Македонија и со сите наши меѓународни партнери. Има голем број на партнери заинтересирани за дигитализација во Македонија и мислам дека ќе излеземе со заедничка национална ИКТ стратегија и национална стратегија за сајбер безбедност која ќе го интегрира патоказот. Се надевам дека ќе имаме единствено решение со кое ќе комуницираме и со Брисел и со ЕУ и со другите наши меѓународни партнери.
За овој дел е заинтересирана и програмата на УСАИД и мислам дека ќе имаме пат и стратегија по која ќе одиме, а не двојство на планови, стратегии, водичи“, рече Андоновски во прашање по денешната средба со новинарите.
Како што рече, ревизорските извештаи даваат добра основа за дигитална трансформација на земјата.
Како што рече, Управата за матични податоци ќе биде во надлежност на Министерството.