Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изврши увид во реконструкцијата и реновирањето на новиот сервисен центар во Делчево.
Андоновски рече дека останува посветен на доближување на електронските услуги до секој граѓанин, особено до оние на кои им недостасуваат дигитални вештини или пристап до компјутери и интернет.
„Нашата цел е секој граѓанин да има лесен пристап до услугите на порталот на Министерството за дигитална трансформација. Центарот во Делчево ќе биде место каде што граѓаните ќе добиваат поддршка и знаење за тоа како да пристапат до потребните услуги“, рече Андоновски.
Новиот Центар во Делчево ќе нуди повеќе од 300 услуги, вклучувајќи потврди за државјанство, имотни листови, потврди за пракса од Пензискиот фонд, услуги од Агенцијата за вработување и други електронски услуги од државни институции.
„Моментално, на Порталот се достапни 200 услуги, што претставува значително зголемување во споредба со претходните услуги. Граѓаните покажуваат голем интерес за дигитализација на услугите, што е охрабрувачко за нас“, додаде министерот.
Тој нагласи дека интересот за користење на Порталот значително се зголемил – од 1.000 корисници месечно, бројот сега достигнува 7.400, што претставува зголемување од седум и пол пати.