Андреј и Сара ќе бидат погребани утре во Скопје

Пејачот на ДНК Андреј Ѓорѓиески ќе биде погребан утре на градските гробишта во Бутел, во 10.00 часот, информираа од семејството.

Членката на бендот и професорка на ФМУ, Сара Пројковска ќе биде погребана на гробиштата во Лисиче во 12.00 часот.

Двајцата членови на бендот настрадаа заедно со уште 57 лица во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.