Андреј се покаја за хаосот што го направи: ,,Се срамам, не смеам тоа да си го дозволам” (видео)

Андреј Рубљев предизвика големо медиумско внимание когапоради непримерен коментар беше дисквалификуван од полуфиналето на АТП турнирот во Дубаи.

Рубљев гласно протестираше против судиската одлука на крајот од третиот сет на мечот против Бубик, поради што Казахстанецот отиде во финалето. Сега, после сè, Рубљев зажали за оваа одлука.

– Се извинив неколку пати за сè што се случи. Воопшто не ми беше тешко да се извинам. Вината е целосно моја и тоа е неприфатливо. Не смеете така да се однесувате, да го кренете гласот, без разлика дали е главен судија или линиски или кој било друг. Не можам да си го дозволам тоа, без разлика дали некој е во право или не. Тоа е недостаток на почит. Се срамам што си го дозволив тоа – изјави Рубљов, а потоа додаде:

– Да бидам искрен, сум правел слични работи и во минатото, но никогаш не сум привлекол толкаво внимание.