Анкета: Мнозинството Американци веруваат дека ниту Бајден ниту Трамп не се ментално способни за Белата куќа
Американските гласачи се главно скептични дека претседателот Џо Бајден е ментално способен за втор мандат, но истото го мислат и за неговиот најверојатен ривал на изборите, Доналд Трамп, покажуваат денеска објавените резултати од анкетата на Универзитетот Квинипијак.
Според истражувањето, 64 отсто од испитаниците рекле дека Бајден (81) не е ментално способен за втор мандат, а 51 отсто сметаат дека ниту Трамп (77) не е соодветен за таа функција.
Истражувањето, исто така покажа дека Бајден води пред Трамп со четири процентни поени, иако две третини од гласачите веруваат дека Бајден е премногу стар за нов мандат.
Бајден, чија ментална острина беше под лупа откако во извештајот на специјалниот советник Роберт Хур овој месец, беше окарактеризиран како „постар човек со слаба меморија“, ја отфрли загриженоста за неговата меморија и не дава никакви индикации дека може да се повлече од кампањата за реизбор.
Анкетата на YouGov за Економист, чии резултати беа објавени вчера, покажа дека Бајден е еден процентен поен зад Трамп.