Анкета: Се намалува поддршката за коалициските партнери во германската Влада

Според анкетата спроведена во Германија, намалена е стапката на гласови на Социјалдемократската партија (СПД) и Слободната демократска партија (ФДП), кои се дел од коалициската Влада на Германија. Според анкетата спроведена со околу 2.000 лица од страна на компанијата „YouGov“, стапката на гласови на партиите што се дел од Владата е намалена за 41 отсто.

Стапката на гласови на СПД се намали на 20 отсто, додека стапката на гласови на ФДП се намали на 6 отсто, а Зелените ја задржале својата стапка на гласови, која изнесува 15 отсто.

Шеесет и осум отсто од учесниците во анкетата нагласиле дека не се задоволни од работата на Владата, додека само 26 отсто истакнале дека се задоволни. На општите избори што се одржаа во септември 2021 година во Германија, СПД освои 26 отсто од гласовите, Зелените освоија 15 отсто од гласовите, додека ФДП освои 11,5 отсто од гласовите.

Иако, Христијанско-демократската унија (ЦДУ/ЦСУ) во 2021 година освои 25 отсто од гласовите, стана главна опозициска партија, чија стапка на гласови се зголеми на над 30 отсто.

ИЗВОР: ТРТ БАНКА