Талат Џафери повеќепати го прекрши законот за судир на интереси. Државната комисија за спречување на корупцијата го казни двапати со парична казна од 150 евра, но тој не се откажа од партиската функција. Според антикорупционерите, Џафер како претседател на Собранието не смеел да биде член на претседателството на генералниот совет во ДУИ. Неколку пати ја предупредуваа партијата дека се крши законот за судир на интереси, но единствениот одговор од ДУИ е дека Џафери е разрешен од работата на партиското тело.
Во одбрана на Џафер излезе Салаи, член на антикорупциската комисија. Тој тврди дека комисијата немала надлежност да го оценува судирот на интереси на претседателот на Собранието. Изјавата им беше смешна на останатите антикорупционери, па открија дека на негово барање, антикорупционерите го криеле ова прашање од јавноста.
Од антикорупциската велат дека со именувањето на Џафер за технички премиер тој повеќе не е во судир со законот, доколку останеше на функцијата претседател на Собранието ќе се бараше негово разрешување.