“АНТИЧКИ ТЕНКОВИ“ – Очајнички потег на Русија: Погледнете што решија да им испратат на нивните војници на боиштата во Украина (видео)
Двапати за само три дена оваа недела, аналитичарите кои прецизно го гледаат секое потврдено и документирано уништување или заробување на руски тенк или борбено возило – вброиле во руските загуби најмалку еден тенк од секоја технолошка генерација од раните 1960-ти години.
Аналитичарите на познатиот блог Oryx идентификуваа најмалку еден уништен тенк Т-62, Т-72, Т-80 и Т-90 на 19. и 21. март. Т-62 е најстариот тип на руски тенк, а Т-90 е најновиот.
„Фактот што Украинците ги оневозможуваат и најновите и најстарите руски тенкови ја покажува се полошата состојба на арсеналот на Кремљ. Русите влетуваат во Украина со секој тенк што ќе им дојде при рака, а Украинците ги уништуваат веднаш штом стигнат до нив“, објаснува аналитичарот на магазинот Forbs.
Најновите видео-снимки покажуваат како формации со „антички“ тенкови Т-54, кои се дури и постари од родителите на војниците што се борат таму, денеска се преселиле од Русија во Украина. Експертите на Oryx иронично наведуваат дека Владимир Путин испраќа „љубезна донација на украинската индустрија за старо железо“, односно тенкови Т-54 од 1950-тите години а истите се во немодифицирана состојба.