Три гостувања и три победи за Реал Мадрид на почетокот на новата сезона во Примера. Џуд Белингем постигна голови на сите три натпревари, а синоќа во Виго во центарот на вниманието беше неочекувата нервоза на Карло Анчелоти.
Родриго изнуди најстрога казна и веднаш ја зеде топката да шутира, иако не е прв пеналџија. Неговиот удар го одбрани голманот Иван Виљар и тоа предизвика бес кај Италијанецот.
„Играчите немаат слобода на одлучување кој да шутира пенали. Му реков на Валверде дека Модриќ мора да го шутира пеналот“, изјави Анчелоти.
Реал стигна до победа од 0-1, со голот на Белингем во самиот финиш.