– Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека Лука Модриќ ќе може да игра против Манчестер сити.
Хрватот заработи повреда на колкот на натпреварот против Џирона во Ла Лига на 25 април и се прогнозираше да пропушти и до четири недели, но закрепна многу побрзо, Тој влезе на теренот во финалето на шпанскиот куп против Осасуна, на местото на Тони Крос во 82. минута.
– Во средниот ред се е јасно – Модриќ ќе игра… И други. Лука ако е ок, игра и може без проблем да се снајде. Камавинга понекогаш ја менува позицијата во зависност од тоа дали имаме контрола на топката или не. Некогаш игра подлабоко, а некогаш меѓу редови. Тој не е од оние бекови кои се движат по крило. Го имаме Винисиус, кој е многу опасен. Камавинга игра бек само кога играме без топка. Физичкиот аспект нема да биде поважен од другите. Имавме време да се опоравиме и јасно е дека заморот на Валверде е сосема поинаков од мојот, изјави главниот тренер на Реал Мадрид.
Реал Мадрид вечер од 21 часот ќе му биде домаќин на Манчестер сити во првиот натпревар од полуфиналната пресметка во Лигата на шампионите.