– Американската актерка и поранешна амбасадорка на добра волја на Обединетите нации (ОН), Анџелина Џоли, реагираше на нападот на Израел врз бегалскиот камп Џабалија во Газа и повика на прекин на огнот.
Таа на својот инстаграм-профил сподели фотографии од бегалскиот камп по нападот.
„Ова е намерен напад на заробена заедница која нема каде да бега“, напиша Џоли.
Таа нагласи дека Газа е отворен затвор во последните 20 години и дека денес брзо се претвора во масовна гробница.
„Додека светот набљудува и со активна поддршка од многу држави, милиони палестински цивили масовно се казнуваат и обезличуваат додека не им се дава храна, лекови и хуманитарна помош што го крши меѓународното право“, рече Џоли.
Таа повика и на прекин на огнот.
„Со одбивањето на барањата за хуманитарен прекин на огнот и спречувањето на Советот за безбедност на ОН да наметне примирје од двете страни, светските лидери се соучесници во овие злосторства“, рече Џоли.
Министерството за здравство на Газа објави дека израелските воени авиони вчера го бомбардирале бегалскиот камп Џабалија на северот од Појасот Газа.