Анџелина Џоли го изненади водителот, а потоа и публиката: Во шоуто влезе боса во широк фустан (фото)
Жената која беше прогласена за најубава на светот, Анџелина Џоли, по долго време реши да гостува во една емисија. Така таа одговорила на поканата на познатиот водител Џими Фалон, кој ја води вечерната емисија.
Тој ја претстави оскаровката пред присутните и побара аплауз, а Анџелина влезе во долг црн фустан, со насмевка, а потоа забележа дека таа не носи никакви чевли, туку е – боса.
– Дали ги заборавивте чевлите или нешто слично? – ја праша Џими Фалон познатата актерка.
– Не, вчера го скршив палецот и се обидов да најдам чевли што ќе ми прилегаат, но тогаш решив дека не сакам да носам ништо – истакна Џоли.
За време на разговорот, Џими ја праша Анџелина дали некое од нејзините шест деца размислува да ја следи во актерска кариера. Како одговор, таа објасни дека некои од нејзините деца се заинтересирани да работат зад сцената и зад камерите на проекти.
– Тие навистина, навистина сакаат да бидат – особено Шајло – приватни. Само приватност сакаат. Тие не сакаат да се фотографираат и никој од нив навистина не го прави сега. Мислам дека таа (Шило) најмногу би сакала приватност. Тоа беше нивен избор. Така на некои луѓе им е поудобно со јавноста. Некои се поудобни во емисии, некои не – истакна таа.