Во првото интервју што го даде по разводот со Бред Пит, Анџелина Џоли зборуваше за тоа што ја мачи кај лажговците.
После тоа, многумина се запрашаа дали навистина со овој потег му испратила порака на поранешниот сопруг.
На прашањето што особено ја нервира, Анџелина Џоли за магазинот W изјави дека најмногу и пречи кога некој лаже. Без да именува никого конкретно, таа продолжи:
„Некој кој чувствува потреба да не ја каже вистината или она што го чувствува. Тоа се луѓе кои кажуваат едно, а мислат друго, кои не се целосно тоа што се. Мислам дека многу луѓе не го кажуваат она што го мислат“.
По осумгодишна судска битка, оваа поранешна двојка конечно ги потпишала документите за развод. Нејзиниот адвокат Џејмс Сајмон рече дека таа е фокусирана да најде мир за своето семејство.
„Искрено, Анџелина е исцрпена. ѝ олесна што ова конечно заврши“, додаде тој.
Адвокатот на Пит одби да коментира.
Извор близок до актерката изјави за магазинот People дека таа се надева дека нејзиниот поранешен сопруг ќе продолжи понатаму и ќе престане да ја напаѓа.