Анџелина Џоли ќе стане дизајнерка! Ќе дизајнира облека, обувки, накит, предмети за домаќинството…

Таа веќе поднела барање до Заводот за патенти на САД за регистрација на брендот под името „Atelier Jolie“, па, како што пренесува „Page Six“, нејзините обожаватели наскоро ќе можат не само да ги копираат нејзините комбинации, туку и да купуваат облека и додатоци кои таа лично ќе ги дизајнира.

– На овој проект Анџелина работи повеќе од една година. Таа се надева дека сè ќе и’ биде одобрено за да може да продолжи со својот нов потфат. Бизнисот опфаќа дизајн и кроење на модерна и прилагодена облека, модни додатоци, чанти, чевли, линија на накит и предмети за домаќинството од постелнина до мебел. Таа е голем обожавател на мода, а на тоа ќе се фокусира нејзиниот бренд – открил извор близок до актерката.

Анџелина соработуваше со златарот Роберт Прокоп на ограничена колекција накит пред десет години.

– Креативна е, многу е практична, но и шик – тогаш го пофали нејзиниот талент Прокоп кој го дизајнираше вереничкиот прстен со смарагд, подарок од Бред Пит.