ВМРО-ДПМНЕ се обидува да наметне дека ако заокружите 2 на претседателски избори, стандардно мора да заокружите 2 на парламентарни избори. Можете да гласате за професорката (Силјановска-Давкова), можете да гласате и за Пендаровски, но никој не ве спречува да заокружите друг број на гласачкото ливче за пратеници, рече лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев.
Апасиев истакна дека нема да ја поддржат Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори.
Со таква поддршка еднаш го „изедовме“… Го поддржавме на минатите избори, а за возврат добивме највалкани инсинуации, забрани за посети, добивме малтретирање од нивните жители како Латасите, Миленковците, Златевците. Тие веќе не го гледаат тој филм.
Не даваме јавна поддршка и го повикуваме членството сами да одлучи“, рече Апасиев во емисијата „Аргумент плус“.
Според Апасиев, можно е да има тивок или отворен бојкот на претседателските избори. Тој вели дека по пладне на денот на изборите, поточно после 14 часот, ќе се знае дали има бојкот во организација на СДСМ или ДУИ.