Претседателот на партијата „Левица“ и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев најавува дека на маргините се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН имаат џентлменски договор да не се мешаат во владините ресори.
Апасив вели дека е уверен дека уставните измени и вклучувањето на Бугарите во преамбулата ќе се спроведат, но без неговата партија, бидејќи вели дека ќе застанат против тоа.
„Нема да се одржат пред локалните избори бидејќи со ова ќе се пукне балонот на ВМРО-ДПМНЕ како народна партија. Ќе продолжат, владата е слатка и гледате дека се што демантираа во кампањата и порано, сега слават како чудо на дипломатијата за Договорот од Преспа или сега сечат ленти за „Бехтел и Енка“.
Не им верувајте на овие мејнстрим политичари. Внимавајте за кого гласате“, оценува Апасиев.