Апелациониот суд ги зголеми казните за некои од обвинетите во случајот „Ласкарци“

Апелациониот суд во Скопјe ги отфрли како неосновани жалбите на дел од обвинетите во случајот „Ласкарци“, кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година, во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени, додека делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство во Скопјe, со што им ги зголеми затворските казни на сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, од четири на десет години, на лицето одговорно за превоз во компанијата, Ремзи Мифтари, од шест на десет години и на двајца вработени во станицата за техничка контрола, Игор Ѓоргиевски и Горан Дуковски, од пет на седум години затвор.

Казните на третиот вработен во станицата за технички преглед, Јане Боваровски, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, остануваат исти, пет и 14 години затвор.

Јавната расправа во Апелациониот суд се одржа на 2 април оваа година, а по спроведување на советување и гласање во затворен дел од расправата на 17 април 2025 година, судот донесе одлука, со која, како што информира, ги отфрли како неосновани жалбите на сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, обвинетиот Дурмиши Белули, како и тројца вработени во станицата за техничка контрола Игор Ѓорѓиовски, Горан Дуковски и Јане Боваровски, а делумно ги прифати жалбите на лицето одговорно за превоз во компанијата, обвинетиот Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски.