АПОКАЛИПТИЧНО ВРЕМЕ ВО ГЕРМАНИЈА Невремето носи се пред себе, граѓаните итно евакуирани!

Силно невреме ја зафати Германија. Во Минхен градскиот железнички сообраќај е целосно парализиран.

Невремето започна во ноќта меѓу четвртокот и петокот, а возовите на S-Bahn во Минхен беа прекинати на соодветните станици до дополнително известување, соопштија надлежните органи.

 Причината е поврзана со временските услови, кои предизвикаа дефекти на целото подрачје на градската железница во Минхен – стои во соопштението објавено на Интернет.

Невремето го зафати и кампот во градот Линдау на брегот на езерото Констанца, каде силниот ветер откорна неколку дрвја .

Три лица се повредени, а состојбата на едното е тешка, соопшти локалната полиција.

Прогласената опасност остана на сила во областа поради временските услови, па локалните власти одлучија да ја евакуираат целата област.

Така, околу 900 луѓе нашле привремено засолниште во конгресниот центар во градот Линдау, каде што биле згрижени од спасувачите, додава полицијата.

Водата ги поплави и улиците во градот Фрајбург во покраината Баден-Виртемберг, каде што ветерот корнеше дрвја и оштети далноводи.

Тамошните пожарникари забележале стотици повици за итни случаи.

Невремето собори дрвја и во Штутгарт.