Арапите атакуваат по ново засилување: Крадат играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед?

Капитенот на Манчестер Јунајтед и португалски фудбалски репрезентативец Бруно Фернандеш би можел кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Саудискиот фонд за јавни инвестиции, кој има мнозински удел во Ал Наср, Ал Хилал, Ал Итихад и Ал Ахли, сака да го привлече португалскиот фудбалер и наводно испратил добра финансиска понуда до играчот на Манчестер Јунајтед.

Британските медиуми пренесуваат дека португалскиот фудбалер им дал дозвола на своите менаџери да започнат преговори со претставници на клубови од Саудиска Арабија, а тој има активен договор со англискиот клуб до 30 јуни 2026 година.

Фернандеш пристигна во Манчестер Јунајтед во 2020 година од Спортинг, а претходно играше за Сампдорија, Удинезе и Новара. Португалецот оваа сезона одигра 15 натпревари за клубот од „Олд Трафорд“ и постигна три гола во сите натпреварувања.