Арапската принцеза Шеиха Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум го напушти својот сопруг Мохамед Бин Рашид бин Ман Ал Мактум преку Инстаграм.
„Драг мажу, бидејќи си зафатен со други пријатели, со ова објавувам дека се разведуваме. Се разведувам од тебе, се разведувам од тебе и се разведувам. Чувај се. Твојата поранешна сопруга“, навела таа во објавата.
Многумина во коментарите ја поддржаа за овој потег.
„Кога силна жена ја знае својата вредност.
Немаше официјална изјава од кралското семејство Мактум, кое владее со Дубаи и од кое потекнува Шеиха Махра. Некои од нејзините следбеници посочија дека веруваат дека нејзиниот профил е хакиран.
Таа се омажи за Мохамед минатиот мај. Пред два месеци добија ќерка. Сите фотографии на кои таа позира со Мохамед се избришани од нејзиниот Инстаграм профил.
Таа неодамна сподели фотографија на која ја гушка ќерка си и во описот изјави: „Само ние двe“. Некои следбеници мислат дека со оваа фотографија уште порано го објавила разводот.