Арапската принцеза Шеиха Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум неодамна го привлече вниманието откако го напушти сопругот преку Инстаграм, а нејзиниот нов потег беше причина за бројни реакции.Имено, таа создаде парфем наречен „Divorce“ („Развод“) и нашироко го рекламира на социјалните мрежи. Ова е првиот производ на нејзиниот бренд „Mahra M1“. Некои следбеници го пофалија нејзиниот деловен потег, додека други ја осудија.
„Срам да ви е. Дали разводот е шега? Разводот е сериозна работа. Како можете да го прославите или да се обидете да го продадете?“, „Користете приватни прашања за да продавате парфем. Прилично патетично“, „Ја сакам оваа нова генерација на храбри жени Посветени сме на работа и повеќе не поднесуваме ништо“, „Разводот одлично влијаеше на вас“, се дел од коментарите.
Потсетуваме дека во јули таа јавно го остави сопругот на Инстаграм и откри дека ја изневерил.
„Драг мажу, бидејќи си зафатен со други пријатели, со ова објавувам дека се разведуваме. Се разведувам од тебе, се разведувам од тебе и се разведувам. Чувај се. Твојата поранешна сопруга“, навела таа во објавата.
Немаше официјална изјава од кралското семејство Мактум, кое владее со Дубаи и од кое потекнува Шеиха Махра. Таа се омажи за Мохамед минатиот мај. Пред четири месеци добија ќерка.