Арачиново без превоз: И во Синѓелиќ автобусите се редуцирани

Иако има околу 15 илјади жители, во скопско Арачиново веќе некое време не сообраќаат воопшто автобуси. Жителите мораат да ги носат децата со автомобил до населбата Синѓелиќ во училиште. Тие велат дека иако се близу до главниот град, немаат редовен јавен превоз.

Жител: Тие не ги плаќаат, тие не доаѓаат без пари и не работат, јавен превоз нема за ова село.
Новинар: Моментално нема ниту еден автобус кој сообраќа?
Жите: Не, не.
Новинар: Со што патувате?
Жител: Кој има автомобил ги носат до Сингелиќ, кој нема автомобил, децата остануваат дома. Во Брвеница доаѓа некој автобус, од тука до Брвеница одат пеш.
Жител: Нема воопшто. Чекаме еден час, два, пет, нема автобуси.

Не само во Арачиново, туку и во населба Сингелиќ нема редовно автобуси.

Еден граѓанин ни рече дека чекаат по 30 минути на станица, а кога стигнува автобусот нема место за да се качат.

Хаос во главниот град и околината предизвика и недостигот на приватните превозници кои бараат од Град Скопје да бидат платени по 134 денари за еден километар, а досега земаа само по 68 денари.

Прашавме во ЈСП и Град Скопје, кога ќе се реши проблемот, не добивме одговор.