Аргентина тргна по стапките на Доналд Трамп објавувајќи дека ќе се повлече од Светската здравствена организација.
Овој потег ја одразува извршната наредба на претседателот Доналд Трамп издадена минатиот месец, со која се прогласи дека Америка повеќе нема да биде дел од меѓународниот здравствен систем, изјави портпаролот на аргентинскиот претседател Мануел Адорни, објави Дејли мејл.
Адорни рече дека одлуката на претседателот Хавиер Мили се заснова на „длабоки разлики во однос на здравствениот менаџмент, особено за време на пандемијата „Ковид-19“, додавајќи дека Аргентина нема да дозволи меѓународно тело да се меша во нашиот суверенитет.
Адорни рече дека управувањето со пандемијата на СЗО, заедно со одлуките донесени од поранешниот претседател Алберто Фернандез, „ја доведоа Аргентина до најдолгото заклучување во човечката историја“ и го направија Буенос Аирес подложен на „политичко влијание од одредени земји“.