АРКАН НЕ БЕШЕ СЛОБОДЕН СТРЕЛЕЦ, ОД МЛАД РАБОТЕШЕ ЗА НИВ: Шокантни детали од апсењето на Ражнатовиќ во Хрватска, БЕСНЕЕЛ во себе!

Денес се навршија 24 години од убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан.

– Тој од мали нозе работеше во сојузната служба за државна безбедност. По распадот на СФРЈ, можно е да го преземале или од војската или од српската тајна служба. Тој не беше слободен стрелец како што се претпоставува, изјави хрватскиот адвокат Анто Нобило во интервју за емисијата Во Центар.

Како обвинител во Хрватска, непосредно пред почетокот на војната во поранешна Југославија, Нобило го уапси Ражнатовиќ, подоцна шеф на српската паравоената гарда.

Чист случај

– Го уапсивме во раните фази на подготовките за војна. Морам да кажам дека беше уапсен од еден полицаец од Двор на Уна, инаку по националност Србин. Тие беа класични југословенски милицајци. Аркан со луксузен џип од Белград двапати полека возел околу станицата на милицијата. Патниците во џипот ја набљудувале станицата, а милицајците веднаш реагирале и ја повикале патролата да ги запре. Пронашле автоматско оружје, бомби и ги затвориле. Значи, чист случај. Никој не знаеше дека Аркан ќе помине таму. Се разбира, нашите во Загреб подоцна се пофалија дека ги следеле долго време и дури потоа ги уапсиле, но ништо од тоа не е точно – вели Нобило и додава:

– На почетокот немавме ништо. Но, кога на Аркан му го запленивме мини-автоматот „хеклер и кох“, преку серискиот број утврдивме дека тој автомат му е продадена на Сојузниот секретаријат за внатрешни работи и ни беше јасно за кого работи. Од судењето на Аркан и уште двајца, се сеќавам дека Аркан беше доста елоквентен. Тој одржа релативно силен завршен говор. Можеше да се види дека тој е самоуверен. Веројатно имал информации дека сојузните служби за кои работел ќе го извлечат. Тој во своја одбрана тврдеше дека бил само возач на „војводата Бандиќ“. Тој војвода Бандиќ бил човек со скромни интелектуални способности. Веќе малку остарен. Јас би рекол, и предмет на зафрканции. Тој измислил дека е војвода и себеси се уверил во тоа. Аркан се држеше исправен како лидер, а во одбрана мора да кажува дека е возач на глуп човек. Се забавував со тоа што секое прашање до Аркан го започнував со „ти како возач на војводата Бандиќ…“ Аркан беснееше во себе, но тоа мораше да го проголта.

Нобило вели и дека Аркан дал значаен придонес за стандардот на затворениците во Хрватска.

Жељко Ражнатовиќ, Аркан, Жељко Ражнатовиќ Аркан

-Секако веднаш го посетија агенти на тајните служби на Хрватска. Тие преговарале, а тој побарал телевизор во ќелијата и му дале. Откако излегол, го оставил телевизорот за затворениците во ќелијата, по што тие морале да им дозволат на другите да го сторат истото – вели тој.

Како што рече Нобило, Ражнатовиќ од младоста работел за тајната служба.

– Аркан од младоста работеше во Сојузната служба за државна безбедност, а по распадот на СФРЈ можно е да го презеде или војската или српската служба. Не го знам тоа точно. Тој не беше слободен стрелец, како што се претпоставува. Тој ги водеше паравоените единици кои вршеа различни злосторства врз цивили и воени затвореници. Се обидов да го задржам во затвор, но зад мојот грб интервенираа од кабинетот на хрватскиот претседател Туѓман директно до судијата да го ослободи од притвор. Да успеевме да го задржиме во притвор, веројатно ќе му направевме услуга – вели Нобило.

Случајот Ѓурековиќ

Името на Аркан се споменуваше и во случајот со убиството на хрватскиот емигрант Стјепан Ѓурековиќ, кој беше осомничен дека бил агент на германската служба и дека работел на уништување на СФРЈ, па југословенската служба сакала да го киднапира, да го донесе во Југославија и да му суди за шпионажа, но планот тргнал наопаку и тој бил ликвидиран во Германија во 1983 година, што наводно било нарачано од тогашната Служба за безбедност… Во овој случај, Нобило го застапувал поранешниот шеф на хрватската тајна служба Јосип Перковиќ, кој беше осуден за соучесништво во убиството на Ѓурековиќ.

– Животот на Аркан го проучував во одбраната на Јосип Перковиќ, последниот шеф на СДБ на Хрватска и прв шеф на тајните служби – цивилни, а подоцна и воени – во Република Хрватска.

Судењето беше во режија на БНД и се одржа во Минхен. Дознавме дека Сојузната служба ги ангажирала Аркан, Гишка и други жестоки момци од белградскиот асфалт да ја изведат акцијата „Ѓурековиќ“. Напишав цела книга за тоа. Интересно е што Аркан се споменува во едно од писмата на Јосип Перковиќ до Сојузната СДБ, бидејќи добил информација дека Аркан и неговиот тим се подготвувале да го убијат Туѓман при враќањето на Споменикот на БанотЈелачиќ на главниот плоштад во Загреб во 1990 година, раскажа Нобило.