Израелската Армија соопшти дека повеќето од 200-те заложници кои ги држи Хамас се сè уште живи.
„Повеќето од заложниците се живи. Имаше и мртви тела кои беа пренесени во Појасот Газа“, се наведува во соопштението на Армијата.
Армијата соопшти дека 20 заложници се деца, додека меѓу 10 и 20 заложници се постари од 60 години.
Хамас изврши смртоносен напад врз Израел на 7. октомври, при што загинаа најмалку 1.300 луѓе, а бројката оттогаш се искачи на 1.400.