Градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска, вели дека Висар Ганиу бил фатен како кривично легализира дивоградби.
„Висар Ганиу беше фатен како кривично легализира дивоградби со фалсификат, за што се доставени документи до обвинителството и има изјави што докажуваат како ги спровел овие незаконски постапки, институциите сè уште размислуваат кога да ПОЧНАТ да дејствуваат“, вели градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска.
Арсовска вели дека овие луѓе кои до вчера имале имот, денес го немаат.
„Во меѓувреме, Висари ги брише евиденциите за имотот од Катастарот. Замислете ги овие луѓе кои до вчера имаа имот, денес го немаат, поради неговите фалсификати.“
Тој го регистрирал фалсификатот во Катастарот на 20.03.2025 година, во средината на деновите на жалост за трагедијата во Кочани, користејќи период кога мислел дека никој нема да забележи што прави.