– Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска ги пречека младите бадникари средношколци од Бадниковите поворки.
-Ги пречекавме нашите млади бадникари средношколци од Бадниковите поворки кои со песна ја вознесоа веста за Христовото Раѓање и ја покажаа убавината на традицијата со пеење на божиќните каланди, напиша Арсовска на својот фејсбук профил.
Таа порача Новата година да донесе многу здравје, успех, љубов и разбирање, да биде исполнета со почит, заедништво, хуманост, солидарност и желби за среќна година за сите.