Арсовска: Градот Скопје е подготвен за одржување на патиштата

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, по предупредувањата за врнежи од снег и ниски температури во наредните денови, синоќа одржа координативен состанок на терен со зимската служба на општина Скопје и јавните претпријатија од Скопје.

Во координација, констатирано е дека Општина Скопје е подготвена за одржување и чистење на коловозите од снег во зимски услови.

„Општина Скопје им препорачува на возачите внимателно да возат во сообраќајот и да се придржуваат до условите на патот. Апелираме до сите стопански субјекти и граѓани да ги почитуваат законските обврски за расчистување на снегот и мразот од влезовите во деловните и станбените објекти“.

За потсетување, општина Скопје е надлежна за булеварите и улиците на градот, а останатите сообраќајници се надлежни на општините кои се одговорни за нивното чистење и одржување“, велат од општина Скопје.