Арсовска жестоко кон Ѓорѓиевски: „Завршувам со Висар Ганиу во Чаир – па слетувам и кај тебе во Кисела Вода!“

– Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, повторно ја разбранува јавноста со остри и иронични пораки насочени кон нејзините политички опоненти, овојпат директно адресирајќи го градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

„На здравје нека му е кафето со Вики Ганиу – јас завршувам со Висар во Чаир, па доаѓам и во Кисела Вода!“, изјави Арсовска во неформална средба со новинарите, алудирајќи на актуелната соработка со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Со оваа порака таа отворено го прозва Ѓорѓиевски, кој во последно време сè почесто се појавува во јавноста како гласен критичар на нејзината работа.

Но Арсовска не застана тука. На мета на нејзината критика се најде и Орце Ѓорѓиевски, кој, според неа, е дел од „оркестрирана кампања со слаба режија, но многу кафеани“.

„Кога ќе завршам со сите скопски општини, ќе им ја прочитам скапата претстава – и ќе им објаснам каде се работи, а каде само се слика“, додаде таа со видлив сарказам.

Според неа, новата динамика во Скопје нема да се води преку политички игри, туку преку директна комуникација со граѓаните.

,,Ги слушам граѓаните, не се сликам со чаши по кафулиња“, порача Арсовска, со нов напад кон нејзините противници кои, како што вели, „мислат дека пиар е замена за резултати“.

Политичката тензија меѓу општините и Град Скопје повторно е на врвот. Но Арсовска делува одлучна – теренот ѝ е приоритет, а прозивките не ги штеди.

„Не сум за шоу, сум за работа. А Кисела Вода – доаѓам!“, заврши таа со порака што остава простор за нова епизода во оваа сè пожешка политичка серија.