Арсовска пак смени директор, четврта среќа: Хусини ќе раководи со „Дрисла“, наместо Јосевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска повторно смени директор на јавно претпријатие, на осум месеци пред изборите. „Дрисла“ сега ќе го управува Самир Хуесини, дознава „Скопје1“ од свои извори. Лицето е непознато за јавноста, а Град Скопје втора недела молчи кој е човекот и која е неговата биографија.

Хусеини е четврта среќа на Арсовска во ова претпријатие. Пред тоа, го раководеа Јане Мицевски кој по кавгата ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска, беше разрешен. На негово место дојде Александар Кузинаков кој издржа и најдолго на позицијата, речиси две години. Директорувањето го презема Ненад Јосевски во август 2024, а неговата функција заврши со истекот на шестиот месец, по што е сменет.