Арсовска поднесува иницијатива за отстранување на името на Адем Демач на улицата во Скопје

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска до Советот на Град Скопје ја достави иницијативата за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“, која претходниот состав на советот ја промени во „Адем Демачи“, а за која Владата даде согласност за промена, соопшти Град Скопје, пренесува Телеграф Македонија.

„Ги повикувам сите советници во Советот на Град Скопје да гласаат за оваа предлог-одлука со која ќе се исправи неправдата кон 230 херои, припадници на „Втората македонска бригада“ од сите етникуми кои ги дадоа своите животи за одбрана на Македонија.

Апелирам оваа иницијатива да не се политизира или злоупотреби за подигање на етнички тензии, особено поради фактот што најголем дел од хероите, освен Македонци, беа и Албанци, Роми и Власи.

Истовремено, најостро ја осудуваме националистичката реторика на премиерот на Косово, Албин Курти и сакам да му предложам нова иницијатива – именување на улица во Приштина по македонскиот револуционер Тодор Александров, кој своевремено активно соработувал со Хасан Приштина, Азем Бејта и Бајрам Цури во борбата против инвазијата на СКС. За оваа соработка е донесена одлука на ЦК на ВМРО во која за лице за контакт е назначен Петар Чаулев“, потенцира Арсовска