Арсовски: Владата должи одговор на прашањето како до евроинтеграции без француски предлог

Ќе биде многу тешко за владата да успее и издејствува измени во преговарачката рамка, оцени политичкиот аналитичар Петар Арсовски, коментирајќи ги обидите на владата да постигне нов договор со Брисел за продолжување на преговорите. Според него, владата ѝ должи одговор на јавноста што ќе прави доколку не успее во тоа.

Најмногу затоа што меѓународната задница нема разбирање за нашата потреба за ревизија на овој пакет, тие го сметаат тоа како завршена работа и се чека на нас да завршиме некои обврски. Бидејќи ние сакаме тоа да го смениме, нашиот пат е потежок, а, за жал не гледам никаква мотивација ниту во Брисел, а особено не во Софија, која на крајот мора да се согласи на таквата промена, да менува било што од тој пакет. Владата мора да биде чесна и мора да ја редуцира својата стратегија до нејзиниот апсурд. Што ако не успее да го смени пакетот? Дали тогаш ќе каже не, за евроинтеграциите? Владата го должи тој одговор кон јавноста. Имплицитната порака овде е дека можеби владата веќе размислува што ќе прави ако нема евроинтеграции, дали ќе се сврти на домашни реформи, дали ќе бара други меѓународни сојузништва. Едноставно владата должи одговор на прашањето како до евроинтеграции без француски предлог, порача арсовски.

Божиновски, од една страна, потсети дека претходната влада прифати нешто што не беше прифатливо не само за тогашната опозиција, туку и за најголем дел за граѓаните. Според него, прашање е дали и колку ќе биде возможно да се избутка нешто што би било поприфатливо за нас.

Доколку има некаков пробив, ќе го видиме во следните неколку месеци, доколку нема, тогаш нема да има и тоа е тоа, оцени тој.

Според Адеми, евроинтеграциите се втората тема каде што има голем јаз помеѓу Македонците и Албанците, кои се апсолутно за членство во ЕУ. Но, од друга страна посочи и на причините зошто евроскептицизмот кај Македонците изминативе години значително порасна.

Како држава направивме премногу отстапки а не покажуваат јасна визија како ја гледаат Македонија. И тука со право тој евроскептицизам расте. Е сега како ќе се однесува ВРЕДИ да ги смирува страстите кај Албанците коишто сакаат ЕУ и не гледаат друга алтернатива, тоа е прашањето за мене, и тоа ќе покаже како ќе се однесува ВРЕДИ во следните месеци, рече адеми.