– Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги советуваше незадоволните од прославата на Арсенал да ја посетат црквата.
Во последното коло од Премиер лигата, Арсенал извлече победа над Бурнмаут (3:2) благодарение на голот на Рис Нелсон во 97. минута. „Топчиите“ многу емотивно со целиот тим го прославија победничкиот гол.
– Воопшто не ми пречи како моите фудбалери се радуваат. Фудбалот слави победи. Сакаме страст и емоции. Нема ништо подобро од постигнување голови и победа на фудбалски натпревари. Ако не ви се допаѓа, одете во црква. Сигурно нема да барам од играчите да слават подискретно на претстојниот натпревар, одговори Артета за начинот на кој неговите играчи слават.
Топџиите попладнево ќе играат против Фулам во натпреварот од 27. коло на Премиер лигата.