Артета откри шокантен факт: Знаете ли колку време чека Арсенал на гол од слободен удар?

Фудбалерите на Арсенал синоќа ја остварија една од најголемите победи во Лигата на шампионите во последните дваесет години од својата историја, бидејќи во првиот четвртфинален натпревар го декласираа Реал Мадрид со 3:0.

„Топчиите“ славеа со 3:0, а мечот со кралскиот тим го одбележаа магичните голови на Деклан Рајс од слободен удар.

Рајс погоди двапати од слободни удари за само 13 минути во вториот дел, а шокантната информација со јавноста ја сподели тренерот на „топчиите“ Микел Артета по натпреварот.

„Не сме постигнале гол од слободен удар од септември 2021 година, а вечерва постигнавме два голови за 13 минути против Реал Мадрид на нашиот стадион во Лигата на шампионите! Тоа е убавината на овој спорт, но тоа треба да го направите на највисоко ниво и против еден од најдобрите голмани во светот.”

Артета беше воодушевен од атмосферата на стадионот пред и за време на натпреварот.

„Никогаш не сум видел ваква атмосфера на стадион. Навивачите веќе пееја и играа пред натпреварот. За големите европски вечери ви требаат големи стадиони кои создаваат атмосфера и потребни ви се индивидуални магични моменти“, изјави Шпанецот.

“Тоа е прекрасно чувство. Многу сум среќен и горд на тимот. Имаме можност да направиме многу луѓе горди и секако го направивме тоа”, заклучи Артета.

Реваншот од четвртфиналето помеѓу Реал и Арсенал се игра следната среда на стадионот „Бернабеу“ од 21 часот, а на кралскиот тим ќе му треба чудо за да ја надополни негативата и да се пласира во полуфиналето.