Артилериско пукање по повод Денот на Армијата – 18 август

По повод Денот на Армијата – 18 август, утревечер, во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје ќе има почесен артилериски оган со истрелување на 10 водови од артилерискиот баталјон на Армијата.

Како што информира Министерството за одбрана, претходно, попладне, по 18 часот, ќе има пробно артилериско гаѓање со вод артилериска опрема.