АРХЕОЛОШКА СЕНЗАЦИЈА- Џунглата криела прекрасни градови илјадници години: „Ова целосно го менува погледот на историјата!“

Заклучокот е јасен – цивилизацијата на Маите била многу поразвиена отколку што се мислело

Долго скриените урнатини на огромната мрежа на градови на Маите ги воодушевија меѓународните научници во Гватемала, кои вредно ја мапираат „добро организираната мрежа“ од дури 417 градови од 1000 година п.н.е. со нова технологија.

Импресионираните научници истакнуваат дека на површина од повеќе од 2.000 квадратни километри под густата џунгла на северот на Гватемала, градовите се поврзани со околу 180 километри „супер-автопат“. Научниците ја сметаат таа патна мрежа „првиот автопатски систем во светот“.

Откритијата не завршуваат тука – во проучуваната област има голем број на софистицирани церемонијални комплекси, хидраулични системи и земјоделска инфраструктура, а заклучокот е јасен – цивилизацијата на Маите била многу поразвиена отколку што се мислело.

Областа е мапирана од 2015 година, а доказите укажуваат на добро организиран економски, политички и социјален систем кој функционирал пред 2.000 години.

Досега се веруваше дека припадниците на цивилизацијата на Маите од средниот до доцниот предкласичен период на Маите (1000 п.н.е. до 250 г. н.е.) биле само ловци и собирачи, жардиниери на пченка. „Сега знаеме дека овој период бил обележан со извонредна сложеност и архитектонска софистицираност, и дека некои од најголемите згради во историјата на светот се изградени во тоа време“, Ричард Хансен, главен автор на студијата и професор по археологија на Универзитетот од Ајдахо , изјави за Вашингтон пост.

Хенсен истакнува дека големото откритие во регионот Ел Мирадор целосно го менува погледот на историјата на Америка бидејќи е пронајден „огромен дел од историјата“, за кој до сега немаше поим дека постои. Од тој период немало премногу наоди, делумно затоа што биле покриени од џунглата. Но, специјалниот радар со кој e откриено обраснатото богатство овозможи тоа да се промени.

Lidar, нова технологија која работи на инфрацрвен ласер, може да мапира области под густа прашума, создавајќи висококвалитетни 3D слики.

Со дигитално „кревање“ дрвја, Лидар им откри на научниците древни брани, акумулации, пирамиди и стадиони во областа Ел Мирадор, која претходно беше позната како „лулка на Маите“.

Хенрике Хернандез, археолог од Универзитетот во Сан Карлос во Гватемала, еден од коавторите на студијата, верува дека штом ќе биде целосно откриен, Ел Мирадор би можел да стане Гватемаланската долина на фараоните, иако е многу оддалечена и изолирана област на границата со Мексико.