Атлетик Билбао продолжи неверојатна традиција освојувајќи го Копа дел Реј

По 40-годишно чекање, Атлетик Билбао конечно го освои својот 25. Копа дел Реј, победувајќи на пенали против Мајорка на „Ла Картуха“.

На овој начин, Баскијците одржаа многу интересна традиција: неизбежно освојување на трофејот на секои 40 години. Сè започна со второто издание на турнирот, кое беше во 1904 година. Тогаш Атлетик го освои трофејот вторпат по ред, и официјално, откако нивниот противник Еспањол од Мадрид не се појави на натпреварот.

Клубот продолжил да реди успеси на турнирот до 1944 година, кога го освоил 42-то издание на натпреварувањето по успехот од 2:0 во финалето против Валенсија.

По уште 40 години, шампион на турнирот повторно е тимот на Билбао, кој во 1984 година ја победи Барселона со 1:0 во пресметката за трофејот. Тоа беше и последен триумф на „лавовите“ во Купот до вчера, бидејќи оттогаш загубија шест финалиња по ред: во 1985, 2009, 2012, 2015, 2020 и 2021 година.

Сепак, синоќа Атлетик ја победи Мајорка за да ја продолжи традицијата на триумфи во сите финалиња на турнирот, кои се случуваат на секои 40 години од 1904 година.