Здружението на тениски професионалци денеска ги објави кандидатите за награди во 2023 година, а во ниту една категорија не е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (36), кој во изминатите 11 месеци освои три од четири Грен слем титули!
Што се однесува до категоријата „Повратник на годината“, кандидати за наградата се: Александар Ѕверев, Јан-Ленард Штруф, Доминик Кепфер и Гаел Монфис.
Кандидати за наградата „Штефан Едберг“ која се доделува на играч кој во текот на целата година се однесувал на највисоко ниво на професионализам и интегритет и кој со најголем дух на чесност се натпреварувал со своите колеги и ја промовирал играта со своите активности надвор од теренот, се Карлос Алкараз, Григор Димитров, Хуберт Хуркач и Јаник Синер.
Во категоријата „Најподобрениот играч“, номинирани се Јаник Синер, Бен Шелтон, Матео Арналди и Кристофер Еубанкс.
Хрватот Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ, е номиниран за наградата „Најдобар тренер за 2023 година“, објавено е денеска на официјалната веб-страница на Здружението на тениски професионалци (АТП).
Тениските тренери гласаа за номинации за најдобар стручњак. Заедно со Горан Иванишевиќ, кандидати се и Крег Бојнтон (тренер на Хуберт Хуркач), Дерен Кејхил и Симоне Вањоци (тренери на Јаник Синера), Хуан Карлос Фереро (тренер на Карлос Алкараз) и Брајан Шелтон (тренер на Бен Шелтон).
Кандидати за наградата најдобар млад тенисер кој напредувал се Флавио Коболи, Артур Филс, Алекс Микелсен, Доминик Страјкер и Лука ван Аш.
Победниците на сите АТП награди ќе бидат објавени во текот на неделата на награди, која започнува на 11 декември.