Атрактивната тенисерка објави дека раскинала со Циципас: Гркот демантираше сè по снимката од Монако! (видео)
Последните недели во тениската јавност многу се зборуваше за одличниот кам-бек на Пола Бадоса која конечно покажа малку од своите можности на Мастерсот во Рим. Многумина тоа го поврзаа со нејзиното неодамнешно раскинување со Стефанос Циципас, но парот уште еднаш ги изненади сите.
Не така одамна, непосредно пред Рим, на социјалните мрежи објави дека повеќе не е во врска со Гркот.
– По внимателно размислување и многу драгоцени моменти поминати заедно, Стефанос и јас решивме да се разделиме пријателски. Нашето патување беше исполнето со љубов и учење, а сега избираме да одиме напред како пријатели со голема меѓусебна почит. Благодарни сме за поддршката од нашите пријатели, семејството и сите кои беа дел од нашата приказна. Како што преминуваме во ова ново поглавје од нашите животи, продолжуваме да си посакуваме најдобро. Бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – се вели во објавата, но парот неодамна беше виден заедно во Монако, а пред почетокот на Ролан Гарос потврдија дека сепак ситуацијата била поинаква.
Циципас проговори и истакна дека тие двајца сè уште се заедно и дека сфатил дека Пола му е многу важна по периодот што го поминале далеку еден од друг. Пред тоа имаше видеа од Монако каде се гледаат заедно додека шетаат по улиците.
– Ние сме заедно. Ќе објаснам зошто некои луѓе измислуваат различни приказни за нас. Не ми е гајле за тоа, но мислам дека луѓето не треба така да гледаат на работите. Пола не направи ништо лошо, ниту јас. Ни беше тешко да се разделиме, а јас поминував низ тешки времиња. Не се справував добро со притисокот од турнејата и работата, па решив да одморам. По две-три недели сфатив колку ми е важна и колку е силна нашата љубов. Нашата врска не наликува на сите други што сум ги имал и сакам таа да биде со мене што почесто. Повторно се поврзавме и сега сме во добро време.
А Пола се огласи и во својата изјава истакна дека нема што повеќе да додаде, и дека сите добро ги слушнале зборовите на Циципас.
На почетокот на Ролан Гарос, Шпанецот ќе игра против Кети Бултер од Велика Британија, додека Стефанос го очекува пресметка со Мартон Фучовиќ.